Бразилскиот фудбалски репрезентативец Дани Алвеш ќе го пропушти Светското првенство во Русија поради повредата на коленото.

Иако според првичните проценки 35-годишниот фудбалер требаше да биде подготвен за Мундијалот, сепак, по новите прегледи утврдено е дека нема да може да настапи во Русија.

Алвеш, кој е член на ПСЖ, се повреди во финалето на францускиот куп.

Тој има 107 настапи за Бразил, кој е во група со Србија, Костарика и Швајцарија.