Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман ги демантираше информациите дека тој веќе има договор со Барселона за трансфер следното лето. 
 
Во неговиот договор има клаузула за откуп од 100 милиони евра, а некои изданија во Шпанија и Франција веќе напишаа дека Каталонците се согласиле да ја платат.
 
– Овие информации не се точни, изјави Гризман пред „Телефут“.
 
Французинот посочи дека ако се случи евентуален негов трансфер по крајот на сезоната, тој мора да биде завршен пред почетокот на Светското првенство во Русија. 
 
– Додека сум на Светското првенство, не сакам да размислувам за други работи, додаде Гризман.