Селекторот на бразилската репрезентација, Аденор Леонардо Бачи познат во фудбалската јавност како Тите, го објави списокот од 23 фудбалери за настап на Светското првенство во Русија.

Список: Голмани – Алисон, Едерсон и Касио; Одбрана: Миранда, Маркињос, Тијаго Силва, Марсело, Филипе Луис, Фагнер, Педро Жеромел и Данило; Среден ред – Касемиро, Фернандињо, Паулињо, Ренато Аугусто, Филипе Кутињо, Вилијан и Фред; Напад – Габриел Жесус, Фирмино, Даглас Коста, Тајсон и Нејмар.

Во составот на Бразил најбројни се фудбалерите на Манчестер сити, кој е застапен со четворката Едерсон, Данило, Фернандињо и Габриел Жезус, додека ПСЖ даде тројца играчи, Нејмар, Маркињос и Тјаго Силва. Реал Мадрид, Барселона, Шахтер Доњецк и Коринтијанс имаат по двајца репрезентативци.

Меѓу фудбалерите кои се надеваа на повик за Мундијалот, но не се најдоа на списокот се, Алекс Сандро од Јувентус и двоецот на Монако, Фабињо и Жемерсон. 

Бразил се наоѓа во групата Е заедно со Србија, Швајцарија и Костарика, а првиот натпревар ќе го играат на 17 јуни против Швајцарците.