ФУДБАЛ – АНГЛИЈА

Со победата над Вулверхемптон, со 1-0, Манчестер јунајтед го собори рекордот на Арсенал, забележувајќи низа од 28 меча без пораз на гостински терен, што е најдолга серија во историјата на англиската фудбалска Премиер-лига. Во октомври 2004 година, Арсенал оствари низа од 27 меча без пораз на гостински терен. Од последниот пораз на Манчестер јунајтед на гости поминаа повеќе од 19 месеци (од 19 јануари 2020 година), кога загуби од Ливерпул. Во текот на овие 28 меча, Манчестер јунајтед постигна 51 погодок, а прими 19, запишувајќи притоа 17 победи. Во својата серија Арсенал имал гол-разлика 54-17 и забележал еднаков број победи како и Манчестер јунајтед, 17.