Шкупи е елиминиран од Глазгов Ренџерс во првото квалификациско коло за Лига Европа (ЛЕ).

Чаирчани кои по 14 години го имаа првиот домашен меч во Европа играа добро и создаваа шанси во одреден дел од мечот, но недостасуваше завршницата. Екипата на „Шкупи“ имаше голема поддршка од своите навивачи, популарните „Шверцери“, но за жал натпреварот заврши без ниту еден гол.

Собирот на „Шверцери“ на плоштадот Скендербег

Дуелот на „Филип Втори“ Арената се отвори со доминација и висок пресинг на домаќинот „Шкупи“. Ренџерс беше притиснат на својата половина, а Шкупи се обидуваше со удари од далечина да го загрози голот на МекГрегор.

На Источната трибина на „Филип Втори“ Арената имаше повеќе од илјада приврзаници на чаирчани, кои по долго време повторно го бодреа својот миленик во Европа.