Менаџерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола изјави дека не им се лути на своите фудбалери за поразот од Лион на стартот од Лигата на шампионите.

Францускиот тим победи во Манчестер со 2-1, а натпреварот Гвардиола поради суспензија го следеше од трибините.

Тимот на Сити исклучително лошо играше, а новинарите го прашаа тренерот дали ќе побара извинување од играчите.

– Заради што да се извинат? Трчаа, се бореа, се обидуваа да се вратат во игра… Противникот ги казни нашите грешки и тоа е тоа. Навистина нема потреба да се извинуваат – истакна Граврдиола.

Првакот на Англија утре му гостува на Кардиф во шестото коло од Премиер-лигата.