Тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола беше исклучен на полувремето на синоќешниот дуел со Ливерпул, бидејќи протестираше кај главниот судија Антонио Матео Лахоз за поништениот гол кој можеше целосно да го смени текот на натпреварот.

Откако судијата отсвире крај на првото полувреме, дел од фудбалерите на Сити се собраа околу него, а Гвардиола влезе во теренот и ги тргна фудбалерите, но и нешто му дофрли на својот сонародник кој веднаш го исклучи и го прати на трибините.

– Му реков дека тоа беше чист гол, дека Милнер додаде до Сане, а со оглед на тоа што играч на Ливерпул ја удри топката не беше офсајд. И поради тоа ме исклучи. Јас не го навредив. Би било поинаку ако заминавме на одморот со 2:0 – рече Гвардиола.

Тој му ја честиташе победата на Ливерпул и му посака успех на следните натпревари во елитното натпреварување.

Ливерпул и во реваншот славеше против Сити, победувајќи со 2-1 со головите на Салах и Мане. Голот за Сити го постигна Јесус во 2 минута.