Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека „граѓаните“ не се најдобриот тим во Премиер лигата. Стратегот зборуваше пред гостувањето кај Челзи од 16-то коло на шампионатот, а неговата изјава беше во врска со реплика на неговиот колега на „Стемфорд Бриџ“, Маурицио Сари, кој ги нарече „небесно сините“ најсилен состав во лигата.

Досега, Сити нема пораз во Премиер Лигата. Актуелниот шампион на Велика Британија има 13 победи и два нерешени натпревара. Тие одиграа против Ливерпул (0:0) и Вулверхемптон (1:1).

– Благодарам за пофалбата на Сари, но не сме најдобриот тим. Сé уште не освоивме ништо, рече шпанскиот стратег.

Средбата меѓу „сините“ и „граѓаните“ е утре во 18:30 часот. Пред битката во Лондон, разликата меѓу двата тима е 10 поени. Тимот од Манчестер е лидер на табелата со 41 поен, додека Челзи е четврти со 31.