Тренерот на италијанскиот фудбалски клуб Наполи, Џенаро Гатузо се откажа од месечната плата за да им помогне на луѓето вработени во клубот од Неапол кои се на принуден одмор.

Поради пандемијата на коронаврусот клубовите во целиот свет трпат големи финансиски удари.

Наполи реши сите вработени, освен фудбалерите и стручниот штаб, да ги испрати на принуден одмор и тоа во месеците март и април, што значи дека за тие луѓе овие месеци ќе нема плата.

Поради тоа, Гатузо и спортскиот директор, Кристијано Џунтоли се откажале од своите месечни примања, со цел парите да им бидат поделени на 30-мина кои се на принуден. Договорот на Гатузо со Наполи за првите 6 месеци беше потпишан на 1,5 милиони евра, што значи дека месечната плата која му изнесува 250.000 евра оди за луѓето кои овој месец се без примања.

Фудбалерите и стручниот штаб и понатаму преговараат со управата околу намалување на платите за една третина.