Репрезентацијата на Италија е во трка и по рекордот на фудбалските европски првенства (ЕП), вклучувајќи ги и квалификациите, а тоа е според бројот на победи во низа. „Азурите“ засега имаат 13 победи по ред, една помалку од актуелниот рекордер Германија, која 14 триумфи нанижа во периодот од септември 2010 година до јуни 2012 година. Италија ги реди победите од март 2019 година, и тоа 10 во квалификациите и три во групната фаза на ЕП 2020. Во серија од 12 победи по ред е и Белгија, која синоќа го играше мечот од третото коло во групата Б.