Градските власти на Москва одлучија на деновите на одигрување натпревари, но и претходниот ден, на фудбалското СП, во околината на двата стадиона да се ограничи продажбата на алкохолни пијалаци. Идејата е ваква мерка да има во радиус од два километра околу двата стадиона, во т.н. навивачка зона. Во Москва за време на СП на двата стадиона ќе се одиграат вкупно 12 натпревари. Русите веруваат дека со ваквата мерка ќе има помалку потенцијални инцидентни ситуации.