ФУДБАЛ

Слободните удари по кои топката има непредвидливо движење во воздухот, кои ги изведуваат Кристијано Роналдо, Герет Бејл и други, би можеле да станат минато, бидејќи врвните европски фудбалски лиги се подготвуваат да користат нова топка, која наводно не се „ниша“ во воздухот.

Стручњаците во компанијата за спортска опрема „Најки“ тврдат дека нивната топка, која ќе се користи во англиската Премиер-лига од следната сезона ќе има „попредвидлив и поконзистентен“ лет и е резултат на осумгодишна работа и истражување.

Од компанијата тврдат дека дизајнот на топката е таков што го „движи воздухот околу топката наместо да ја зафаќа површината“, со што се намалува направилното движење низ воздухот, што ќе придонесе за поголема точност при долгите додавања и за попрецизни удари на голот.