Фото: Принт-скрин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов со гол во самата завршница го спаси Шериф од пораз на гостувањето против Шахтер 1-1, во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Фудбалерот за врска ја затресе мрежата на Украинците во третата минута од судиското надополнување на мечот. Ова е негов прв гол во најквалитетното европско клупско натпреварување

Молдавскиот првак Шериф заврши на третото место во групата Д зад фаворизираните Реал Мадрид и Интер, со што избори учество во нокаут-фазата на Лига Европа.