Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, изјави дека ќе продолжи со својата кариера и се надева дека ќе добие понуда од врвен фудбалски клуб.

– Сега можам да се обидам повторно. Тоа е она што го сакам во животот. Сакам предизвици. Не знам што ќе се случи потоа, но сега сум пред чиста страница и треба да напишам ново поглавје. Јас навистина не можам да лежам на плажа и да уживам во мојот живот. Им завидувам на колегите кои знаат како да го направат тоа. Кој клуб би сакал да го тренирам? Голем клуб кој има амбиции – изјави Арсен Венгер.

Веднаш по шокантното заминување на Зинедин Зидан од кормилото на Реал Мадрид, Французинот беше вклучен во краткиот список на можни наследници.

Шеесет и осум-годишниот стратег работеше во Арсенал од 1996 до 2018 година.