Пари Сен Жермен планира да го ангажира Арсен Венгер за спортски директор, по неговото заминување од Арсенал на крајот од сезоната.

Според францускиот весник „Л’Екип“, раководството на парискиот клуб е подготвено веднаш да му понуди на Венгер да ја преземе функцијата, бидејќи сакаат тој да ја надгледува работата на тренерот Томас Тухел, кој ќе раководи со тимот на ПСЖ од следната сезона.

На овој начин ПСЖ ќе направи измени на двете клучни позиции во клубот, особено ако се земе предвид дека освен од тренерот Унаи Емери, раководството не е задоволно и од работата на спортскиот директор Антеро Енрике.

Арсен Венгер вчера соопшти дека по 22 години поминати на клупата на Арсенал, на крајот од сезоната ќе замине од лондонскиот клуб.