Вардар забележа нова победа, на гости, над Победа, 1-0, шеста сезонава, по што ја зголеми бодовната предност на водечката позиција. Црвено-црните сега имаат 20 бода, четири односно пет повеќе од Академија Пандев и од Шкендија, кои одиграа без голови во дербито.

Инаку саботното, осмо првенствено коло беше сиромашно со голови, беа постигнати само седум на петте меча. Најмалку голови во новиот шампионат беа постигнати во второто, само шест, а најмногу, 18 во првото коло.