По двомесечната пауза со мечевите од 19-то коло, денеска и утре продолжува фудбалскиот шампионат на Македонија во Првата лига. Дерби на колото е дуелот Академија Пандев – Шкендија, меѓу второ и третопласираниот тим на табелата. Првите два меча во шампионатот ги доби Академија Пандев, во 1-то и во 10-то коло (со по 1-0), а доколку го стори тоа и по третпат, ќе биде на добар пат до заверка на место што води во Лига Европа (ЛЕ).

Лидерот Вардар гостува во Ѓорче Петров, на Македонија, која е на средината на табелата, петта, со 26 бода. Тоа е минус од само еден, односно два бода од Силекс, Академија Пандев и од Шкендија, што дава реални шанси да прескокне барем еден од трите тима до крајот на првенството и да се повтори ланскиот успех, играње во ЛЕ. Македонија ЃП го изненади Вардар во 1-то коло, победувајќи го на гости со 2-0, а потоа ремизира, 1-1. 


ДЕНЕС (19. КОЛО)
Вардар – Македонија ЃП, 14 ч.

УТРЕ
Акад. Пандев – Шкендија 13 ч.
Ренова – Силекс 14 ч.
Струга ТЛ – Работнички 14 ч.
Шкупи – Борец 14 ч.