Директорот на Реал за меѓународни односи, Емилио Бутрагењо информира дека Хулен Лопетеги ќе ја предводи екипата на натпреварот од десеттото коло на шампионатот на Шпанија со Барселона. Средбата е закажана за в недела (28 октомври).

– Дали Лопетеги ќе го води Реал на „Ел Класико“? Да, на апсолутно нормален начин. Во ваква ситуација многу е важно да се задржи смиреноста, солидарноста и вербата во нашите играчи. Слушнавме гласини за оставка на Лопетеги до дуелот со Барселона. Но, со доверба ќе му пристапиме на натпреварот на „Камп Ноу“ кој е одлична мотивација за сите, и се надеваме дека ќе имаме добро издание – рече Бутрагењо.

Претходно во шпанските медиуми беше објавено дека Лопетеги ќе биде отпуштен од Реал веднаш по вчерашниот натпреварот од групната фаза на Лигата на шампионите против Викторија Плзен (2:1), без оглед на резултатот.