Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо Назарио де Лима наскоро би можел да стане мнозински сопственик и претседател на шпанскиот прволигаш Реал Ваљадолид.

„Ас“ пренесува дека Роналдо функција треба да ја преземе од Карлос Суарез Суреде кој ќе остане во бордот на клубот.

Роналдо за добивањето на мнозинскиот пакет на акции ќе донесе 30 милиони евра.

Во јануари оваа година, Роналдо изрази желба да купи клуб од втората шпанска или англиска лига, но тој сепак го избра Ваљадолид.

Еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, веќе имаше сопственост на еден клуб од САД – Форт Лаудердале до неговото згаснување во 2016 година.