Со два гола на Халанд, Борусија Дортмунд го победи ПСЖ со 2-1, Атлетико Мадрид со 1-0 славеше над актуелниот шампион Ливерпул.
Борусија Дортмунд со еден гол предност ќе патува на гостувањето во Париз, а затоа е заслужен Халанд.

Во првото полувреме не само што немаше голови, туку немаше ниту добри шанси на двете страни.

Работите се променија од 69 минута кога Халанд постигна гол за водство на Борусија Дортмунд од 1-0.

Атлетико Мадрид со 1-0 го победи Ливерпул, кој гостуваше на Ванда Метрополитано, стадионот каде лани станаа Европски шампиони.

Единствениот гол беше постигнат уште во четвртата минута кога во една мешаница по корнер најдобро се снајде Саул Нигез и реализиаше за предност и победа од 1-0 за Атлетико.

Ливерпул се обидуваше да го израмни резултатот, но тешко ја пробиваше одбраната на домаќините.