Фудбалерите на велешки Борец со триумф на гости над Вардар, од 1-0, ја почнаа новата 2020/2021 сезона во Првата лига на Македонија. Стрелец на победоносниот гол беше Никола Радовиќ уште во втората минута. До крајот на мечот двете екипи имаа по неколку изгледни шанси за гол, но не успеаја да ги реализираат.
Вчера попладне на програмата беа преостанатите пет натпревари од првото коло: Шкупи – Шкендија, Македонија ЃП – Работнички, Пелистер – Академија Пандев, Беласица – Силекс и Ренова – Струга ТЉ.

Сезонава во Првата лига ќе се натпреваруваат 12 екипи, затоа што поради пандемијата на коронавирусот и прераниот крај на ланското првенство Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реши да нема испаѓање. Нови прволигаши се Пелистер и Беласица, прваците во двете втори лиги.