Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри соопшти дека планира на крајот од сезоната да замине од клубот.

Во интервју за британски „Дејли телеграф“ нагласува дека е заситен и дека повеќе нема мотив да работи во Италија и по завршувањето на сезоната планира да се пресели во странство, а најверојатна дестинација ќе биде Англија.

– Сигурно заминувам во странство, со Италија завршив – потенцира Алегри.

Во моментов кружат гласини дека за неговите услуги се заинтересирани лондонските клубови Челси и Арсенал.

Тој истакна дека со клупскиот фудбал планира да се занимава уште следните пет до шест години, а потоа ќе премине на репрезентативно ниво и ќе работи како селектор.

Јувентус со Алегри освои три титули во низа во Серија А, три Купа на Италија и еден Супер куп.