Усаин Болт од Јамајка се откажа од својот сон да стане професионален фудбалер, велејќи дека „спортскиот живот е завршен“ за него, објавија британски медиуми. Осумкратниот олимписки шампион не се договори со австралискиот клуб ЦК Маринерс на крајот од минатата година, по повеќенеделните тренинзи и одиграни два тест-меча за тој тим (постигна и два гола).

И покрај подобрувањето на неговото ниво на фудбалска форма, останаа сериозни дилеми за неговата способност да стане елитен натпреварувач во втор спорт. Болт (32), кој се пензионира од атлетиката во 2017 година и уште ги држи светските рекорди на 100 и на 200 метри, рече дека не жали за обидот да стане професионален фудбалер.

– Беше забавно додека траеше. Тоа беше добро искуство, навистина само уживав што бев во тимот – вели тој.

Болт, кој освои златни медали на Летните олимписки игри во Пекинг, Лондон и во Рио де Жанеиро, рече дека сега ќе се фокусира на своите деловни потфати.

– Спортскиот живот е завршен, па сега се префрлам на други полиња и се обидувам бидам бизнисмен – рече Болт.