Некогаш најбрзиот човек на светот, Усеин Болт има свој фаворит за кого ќе навива на Мундијалот во Русија. Спринтерот од Јамајка и осумкратен олимписки шампион е фан на Аргентинците“.

– Јас сум обожавател на Аргентина. Мислам дека имаме добри шанси ако добро играме. Можеме да стигнеме до финалето, па дури и да победиме на турнирот. Со нетрпение очекувам да го гледам Светското првенство и да ги гледам големите тимови- вели Болт.

Аргентина на Мундијлот е во Д-групата со репрезентациите на Исланд, Хрватска и Нигерија.