По завршувањето на премиерлигашкиот дуел на Ливерпул против Норич во петокот („Црвените“ победија со 4-1), многу навивачи ги чекаа своите љубимци пред „Енфилд“.

Млад навивач на тимот трчал и му мавтал на голгетерот Мохамед Салах, а притоа не забележал дека има бандера пред него, па удрил во неа. Фудбалерот го видел сето тоа, па застанал со автомобилот и направил фотографија со младиот Луј Фаулер и со неговиот помал брат.

– Салах, ти благодарам што се врати за да видиш дали е во ред мојот син, откако се удри во бандера обидувајќи се да добие поздрав од тебе. Тој те сака многу и болката веднаш исчезна кога го прегрна. Тој кажа дека вредеше скршениот нос. Ти си одличен човек и голем џентлмен – напиша Купер на Твитер.