Претседателот на фудбалскиот клуб Монца, Никола Коломбо, потврди дека ќе продаде 95 отсто од акциите на клубот на поранешниот сопственик на Милан и некогашен премиер на Италија, Силвио Берлускони.

Интересно е дека семејството Коломбо беше сопственик на Милан пред клубот да го преземе Берлускони.

– Се договоривме да продадеме 95 отсто од акциите. Пет проценти ќе останат во моја сопственост, бидејќи сакам активно да учествувам во работата на клубот следната сезона – истакна првиот човек на Монца за италијанските медиуми.

Берлускони во 2015 година го продаде Милан на кинескиот милијардер Јонгхонг Ли и оттогаш немаше учество во ниту еден фудбалски клуб во Италија.