Англичанецот Дејвид Бекам сака да го ангажира Лионел Меси од Барселона (Шпанија), објави Еуроспорт, цитирајќи европски медиуми. Некогашниот англиски репрезентативец и фудбалер на Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Милан, Лос Анџелес галакси… е сопственик на идниот прволигаш во САД, Интер Мајами, кој во најсилната лига на САД треба да дебитира во 2020 година. Договорот на Меси со шпанскиот шампион Барселона истекува во 2021 година. Аргентинецот Меси игра за Барселона во целата своја кариера.