Зинедин Зидан бил поканет од својот поранешен соиграч Дејвид Бекам да го преземе неговиот нов клуб Интер (Мајами), тврди „Мирор“. Предметниот тим ќе се вклучи во првенството на МЛС лигата од 2020 година, но Бекам веќе размислува за ментор.

Во моментов Зидан се одмора, откако го напушти Реал Мадрид, каде освои три последователни титули во Лигата на шампионите. Големи се сепак шансите францускиот стратег да биде поканет да го замени Жозе Мурињо, ако тимот од „Олд Трафорд“ продолжи со неубедливите игри.

Инаку, клубот на Бекам уште нема стадион, но веќе има план да се изгради.

Пред неколку дена излегоа шпекулации дека тимот од Флорида го сака и Лионел Меси во својот состав.