На едниот крај на фудбалскиот пазар ќе нема поголемо движење на парите што ги прави трансферите. На другиот крај, и пошироко, се клубовите што се борат да ги средат своите финансиски

ФУДБАЛ – ПОЧНА ЛЕТНИОТ ПРЕОДЕН РОК

Летниот преоден рок почна по завршувањето на фудбалската сезона и ќе трае до 5 октомври, но првите најави се дека ќе нема големи трансфери како минатите сезони, иако не се исклучени некои изненадувања. Причина се пандемијата на ковид-19 и намалените приходи на повеќето клубови. И Барселона или Реал немаат пари за трошење во моментов, пишува британскиот „Индепендент“.
– Не, ќе нема поголеми купувања. Ситуацијата е навистина лоша – вели претседателот на Реал, Флорентино Перез.
Јувентус, Ливерпул, Арсенал, Тотенхем и многу други клубови се во иста или слична ситуација. На едниот крај на фудбалскиот пазар ќе нема поголемо движење на парите што ги прави трансферите. На другиот крај, и пошироко, се клубовите што се борат да ги средат своите финансии.

– Ова ќе биде најтешкиот преоден рок со кој сме се соочиле досега. Тоа важи за сите клубови и за играчите. Дури и најголемите клубови кажуваат дека немаат доволно пари – вели еден добро информиран извор за „Индепендент“.
Фудбалскиот пазар сега личи на пазарот за недвижности, истакнува „изворот“. Ако имате пари да трошење, можете да повлечете одлични потези и да направите доходни зделки. Помалку богатите клубови, со поголема потреба од пари од кога било досега, можеби ќе продаваат, што обично не би го сториле.

Борусија Дортмунд како да смета дека е добро време да се продаде Џејдон Санчо за најоптимална цена. Челси дејствува на пазарот, забраната за трансфери минатото лето се покажа како значајна предност, бидејќи заштедените пари сега вредат уште повеќе и имаат поголема вредност. Челси веќе ги купи Тимо Вернер и Хаким Зиеч, можеби и Каи Хаверц и Деклан Рајс. Манчестер јунајтед, Манчестер сити и ПСЖ се меѓу ретките што можат да направат нешто слично, пишува „Индепендент“. Повеќето клубови во Премиер-лигата тврдат дека мора да продаваат пред да купуваат, но планираат да „направат нешто“, главно како заеми или размена на играчи што реално е потешко да се реализира.