Претседателот на УЕФА Александар Чеферин изјавил дека завршницата на Лигата на шампионите и Лига Европа ќе се игра без присуство на навивачи. УЕФА сака да го исклучи ризикот од зараза со коронавирусот.

Натпреварите во Лигата на шампионите и Лига Европа ќе продолжат во август. Завршницата на Лигата на шампионите ќе се игра во Лисабон, а на Лига Европа во Германија.

– Кога ќе ви се случат вакви работи, како што сега е пандемијата со вирусот ковид-19, најважно е е да реагирате и да имате план. Од почетокот сум оптимист дека ќе ја завршиме сезоната. Клучна беше одлуката да го одложиме Европското првенство за 2021 година. Таа одлука ни даде простор и ни обезбеди термини. Засега завршницата на европските клубови ќе се игра без публика, не сакаме да ризикуваме. Сепак оптимист сум дека бргу ќе дојде денот кога трибините повторно ќе бидат полни – рекол Чеферин за магазинот „Директ“.