Претседателот на Барселона, Џозеп Марија Бартомеу, рече дека вратата на „Камп Ноу“ за Пеп Гвардиола е отворена во случај тој да одлучи да се врати во каталонскиот клуб.

Во моментов, 47-годишниот фудбалски стручњак е тренер на Манчестер Сити.

– Тој е гениј. Знае дека вратата на Барселона е секогаш отворена за него. Првично, никој не го сакаше неговото заминување. Но, тоа беше неговиот избор. Ние сигурно ќе го поддржиме Гвардиола ако сака да се врати – соопшти Бартомеу.

Под водство на Гвардиола (2008-2012), Барселона три пати стана шампион на Шпанија и два пати ја освои Лигата на шампионите.