„Форбс“ наведува дека просечната вредност на 20-те клуба на листата се зголемила за 30 отсто во претходните две години, и покрај влијанието на ковид-19. Барселона се проценува на 4,76 милијарди долари, а потоа на листата се Реал Мадрид со 4,75, Баерн со 4,215 итн.

РАНГ-ЛИСТА НА „ФОРБС“ ЗА НАЈВРЕДНИ ФУДБАЛСКИ КЛУБОВИ

Шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид се на првото и на второто место на ранг-листата на 20 највредни фудбалски клубови со светот, на американскиот магазин „Форбс“.
Со тоа Барселона ја прекина доминацијата на Манчестер јунајтед (11 пати) и на Реал Мадрид (пет пати), кои се менуваа на првите две места на ранг-листата во минатите 16 години.
Барселона се проценува на 4,76 милијарди долари, а Реал Мадрид на 4,75 милијарди долари. Трет е актуелниот европски првак, германски Баерн (4,215 милијарди), а потоа следуваат пет англиски фудбалски премиерлигаши, Манчестер јунајтед (4,2), Ливерпул (4,1), Манчестер сити (четири), Челси (3,2) и Арсенал (2,8). Листата на „Форбс“ до 10 највредни клуба ја заокружуваат францускиот шампион ПСЖ (2,5) и уште еден премиерлигаш, Тотенхем (2,3 милијарди).
„Форбс“ наведува дека просечната вредност на 20-те клуба, која изнесува 2,28 милијарди долари, се зголемила за 30 отсто во претходните две години, и покрај влијанието на ковид-19.
Зголемувањето се објаснува со сѐ уште докрај неискористениот потенцијал од огромното глобално следење на спортот, од ТВ-рекламите и од другите комерцијални зделки.
Приходите од натпреварите во минатата фудбалска сезона биле помали за 441 милион долари, што е пад од 9,6 проценти во однос на сезоната 2017/2018.