Шпанскиот шампион Барселона сака во јануари да го ангажира српскиот одбранбен фудбалер Бранислав Ивановиќ, објави „Мундо Депортиво“.

Како што е наведено, Каталонците во Ивановиќ гледаат добра замена за повредените Самуел Умтити и Томас Вермален.

Покрај српскиот искусен играч, во игра се уште две имиња од Ла Лига, Џен Дакунам од Хетафе и Унај Нуњез од Атлетик Билбао, но предноста е во тоа што Ивановиќ би бил поевтин поради возраста и фактот дека на лето му истекува договорот со Зенит.

Интересно е тоа што Каталонците пред две години посака да го видат Ивановиќ во своите редови, но тој одлучи од Челзи да замине во Русија.