Шпанскиот фудбалски клуб Барселона очекува оваа сезона да има 960 милиони евра приходи, а до 2021 година таа сума да биде над милијарда евра.

Лидерите на каталонскиот клуб објавија дека оваа сезона очекуваат рекордни 960 милиони евра приходи и 929 милиони евра расходи, а по плаќањето даноци, на клубот треба да му останат 11 милиони евра профит.

Во минатата сезона Барселона инкасирала 914 милиони евра, а чистата заработувачка била 32 милиони евра.

– Оваа сезона очекуваме поголеми приходи, но планираме и да потрошиме повеќе. Но, она што го работиме никогаш нема да го загрози успешната работа во клубот, изјави портпарол на клубот.