Барселона планира многу интересен предлог, со што ќе се обиде да го надмине Реал Мадрид во битката за големата ѕвезда на Челзи – Еден Азар.

Според радио „Онда черо“, Каталонците ќе го вклучат во својата понуда Усман Дембеле, за кого минатата сезона платија 105 милиони евра плус 40 милиони во разни бонуси.

Претходно оваа недела медиумите во Франција открија дека Азар веќе кажал „да“ на Реал Мадрид, но допрва двата клуба треба да ја договорат сумата за трансферот, што нема да биде воопшто лесно, бидејќи тимот од Лондон не сака да се разделат со големата ѕвезда. Желбата на самиот играч сепак може да се покаже како решавачка, а тој веќе навести дека е дојдено време да го смени клубот.

Вчера новиот менаџер на Челзи, Маурицио Сари најави дека ќе направи сė што е можно за да го задржи Азар во својот тим.