ФУДБАЛ – ГЕРМАНИЈА

Фудбалерите на бундеслигашот Баер се првите финалисти во Купот на Германија сезонава, откако во полуфиналето го совладаа четвртолигашот Сарбрикен, со 3-0. За Баер ова е четврто финале во историјата на Купот на Германија. Досега има еден трофеј, освоен во 1993 година. Тимот од Леверкузен треба да игра во финалето закажано на 4 јули во Берлин, против победникот од мечот синоќа, во кој се сретнаа претходните два победника на Купот, Баерн (досега 19 трофеи) и Ајнтрахт (претходно пет победи во Купот на Германија).