Актуелниот европски првак Баерн ќе се соочи со ПСЖ во четврт-финалето на фудбалската Лига на шампионите (ЛШ), во дуел што ќе биде реприза на ланското финале во престижното натпреварување.  Ова е резултат од ждрепката за четврт-финалните дуели, како и за полуфиналните, која денеска беше влечена во Нион, Швајцарија.

Победникот од дербито на четвртфиналната рунда ќе вкрсти со подобриот од дуелот помеѓу Манчестер сити и Борусија Дортмунд. Во второто полуфинале ќе се сретнат победниците на пресметките Порто – Челси и Реал Мадрид – Ливерпул.

Четврт-финалните мечеви ќе се играат на 6 и на 7, односно на 13 и на 14 април.

Четвртфинални двојки

Манчестер сити – Борусија Дортмунд
Порто – Челси
Баерн – ПСЖ
Реал Мадрид – Ливерпул