Баерн е на два бода до освојување на јубилејната 30-та титула фудбалски првак на Германија, а осма во низа, откако во 31-то коло дома ја совлада Борусија Менхенгладбах, со 2-1. Со тоа тимот од Минхен ја задржа предноста од седум бода пред второпласираната Борусија Дортмунд, на три кола до крајот на сезоната. Баерн може да ја осигури титулата утре, кога му гостува на Вердер, а сезонава му остануваат и дуелите со Фрајбург дома и со Волфсбург на гости.