Европскиот и германски фудбалски првак Баерн загуби на гости кај Хофенхајм, со 1-4, во меч од германското првенство, и го претрпе првиот пораз од декември 2019 година, со што ѝ е ставен крај на серијата од 23 победи по ред во сите конкуренции и на 32 меча без пораз, нешто што не му успеало ниту на еден друг тим од формирањето на Бундес-лигата во 1963 година. Баерн, кој победи на претходните 14 натпревари во германското првенство, само двапати претходно имал подолга победоносна серија, од 15 меча, во сезоните 2004/2005 и 2005/2006, и 19, што е рекорд, во сезоната 2013/2014. Баварците не ја остварија 11-та последователна победа на гости во Бундес-лигата, што ќе беше нов рекорд.