Низ холандскиот тим продефилирале 81 играч што моментно играат во 31 врвна лига на земјите-членки на УЕФА, а Ајакс е на врвот и на уште една табела на ЦИЕС, со т.н. тренинг-индекс

СПОРЕД ЦИЕС

Ајакс од Амстердам е на врвот на ранг-листата на фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС) со седиште во Швајцарија, за 2021 година, според бројот на фудбалери што тренирале во тој клуб и кои моментно играат во 31 врвна лига на земјите-членки на Европската фудбалска унија (УЕФА).
Низ холандскиот тим продефилирале 81 играч што настапуваат во тие првенства, шест повеќе од украинскиот Шахтар Доњецк. Според дефиницијата на Европската фудбалска унија, како клубови за тренинг се сметаат оние каде што фудбалерите играле најмалку три години на возраст од 15 до 21 година. Сезоната во која фудбалерите го прославувале 15-от и 21-от роденден исто така се вклучени.
Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, со по 42 фудбалера, се на чело на табелата за активни играчи во петте најголеми европски лиги (Англија, Шпанија, Германија, Франција, Италија).
ЦИЕС го разви и т.н. тренинг-индекс, индикатор што го мери бројот на играчи тренирани според спортското ниво на нивните клубови (преку коефициент заснован врз резултатите во домашната лига и во меѓународните клупски натпреварувања), нивната стапка на вработеност (во текот на минатата година), како и нивната возраст (колку помлади, толку подобро). Ајакс е на врвот и на оваа табела за играчи во 31 европска врвна лига, пред Спортинг и Реал Мадрид. Највисокиот тренинг-индекс кога се имаат предвид само фудбалерите од најголемите пет лиги, е забележан кај Реал Мадрид, а потоа следуваат Барселона, ПСЖ…