Јанина Марадона, една од ќерките на Диего Марадона, влезе во остар напад на критичарите, откако аутопсијата на телото на фудбалската легенда покажа дека во неговото тело немало трагi од алкохол и наркотици и покрај големите шпекулации.

Марадона почина на 60 години во ноември, две недели по операцијата на мозокот и шпекулациите велеа дека неговото семејство му дозволило да користи алкохол и дрога и покрај сериозната состојба. Во неговото тело биле пронајдени психотропни супстанции за третман на анксиозност и депресија, но не и алкохол и наркотици, објави „ЕСПН“.

За причина на смртта се утврдила акутна едема на белите дробови предизвикани од откажување на срцето.

Полицијата уште ја има отворено истрагата за неговата смрт, правејќи рација во куќата и клиниката на неговиот лекар Леополдо Луке, обвинувајќи го за смрт предизвикана од небрежност.