Напаѓачот на Јувентус Пауло Дибала може да се пресели во Атлетико Мадрид, објави „Марка“.

Според шпанскиот весник, мадридскиот клуб е подготвен за Аргентинецот да ги потроши сите пари од продажбата на Антоан Гризман во Барселона, трансфер се поизвесен дека ќе се случи во летниот преоден рок.

Дибала во понеделникот одржал средба со тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, на која се разговарало за можната идна соработка.

Со ова се демантирани шпекулациите кои се појавија изминатите два дена дека Дибала се наоѓа во Мадрид за да договори трансфер во Реал Мадрид.