Арсен Венгер најверојатно ќе биде нов тренер на Милан. Според француското списание „Франс фудбал“, легендарниот менаџер на Арсенал веќе се договорил со раководството на „росонерите“ и ќе го заземе местото на Џенаро Гатузо.

Милан е четврти во Серија „А“ со 21 поен, 10 зад Јувентус, и тоа доведе до желбата да се замени популарниот Рино. Неколку недели се воделе преговори меѓу Французинот и гигантот од Милано, но според публикацијата, веќе постои и договор.

Венгер беше на чело на Арсенал цели 22 години, а неодамна изјави дека сигурно ќе започне нова работа „на почетокот од 2019 година“. Имаше гласини дека тој е опција за позициите во Реал Мадрид и Баерн, како и да ја преземе позицијата на спортски директор во Париз Сен Жермен.

Сигурно Венгер нема да ги има овластувањата што ги имаше во Арсенал, но тој ќе игра поголема улога во однос на Гатузо.