Фудбалската репрезентација на Аргентина го освои трофејот на Копа Америка. Аргентинците во финалето со 1:0 го ги победија домаќините Бразил, кои ја бранеа титулата.

Единствениот гол во финалето го постигна Анхел Ди Марија во 22.минута, по одличната асистенција на новиот играч на Атлетико Мадрид, Родриго Де Пол. Бразил најдобрата шанса ја пропушти во 54.минута, кога Ришарлисон не успеа да го совлада Мартинез.

Аргентина по пауза од 28 години повторно ја освои Копа Америка. Овој трофеј е прв за Лионел Меси по 16 години играње за националниот тим.