Фото: Игор Бансколиев

Со кој противник би сакале фудбалската репрезентација на Македонија да се сретне во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар в година?

Дали има одредени ривали кои би сакале „црвено-жолтите“ да ги избегнат или посакувани противници со кои сметате дека би имале поголеми изгледи за победа?

Македонија во полуфиналето би можела да се сретне со последните два европски прваци Италија и Португалија, островските селекции на Шкотска и Велс, со Шведска предводена од Златан Ибрахимовиќ и Дејан Кулушевски или со Русија.

Ве молиме да одговорите на нашата анкета, како и да дадете кратко образложение за вашата одлука.

Извлекувањето на ждрепката за баражот ќе се одржи в петок.

*анкетата не е на научна основа