Женскиот фудбалски тим на Барселона на чело со најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова (24), го освои Суперкупот на Каталонија, откако во финалето убедливо славеше над Еспањол со убедливи 7-0. Андонова одигра одлично во големото финалето, постигнувајќи два гола за шпанскиот гигант, од кои вториот гол го постигна директно од корнер.

Ова е вторпат Андонова да постигне гол од аголот, а првпат тоа ѝ успеа минатата сезона против Валенсија. Андонова имаше извонреден настап и во полуфиналето на Каталонскиот суперкуп против Пардињес, кога за само 13 минути успеа да постигне хет-трик, а Барселона триумфира со превисоки 9-0. Во двата меча на Барселона, Андонова беше стрелец на пет гола.