Фудбалската репрезентација на Англија дојде до победа против репрезентацијата на Тунис во последните минути од натпреварот и спречи нова сензација на СП во Русија.

Поведоа Англичаните со голот на Хари Кејн во 11 минута, а изедначи саси во 35-тата минута од пенал.

Во вториот дел се играше многу претпазливо се до последните 10 минути кога Англија имаше иницијатива, а пресудниот момент се случи во 91-та минута кога Хари Кејн повторно беше најумешен во противничкиот шеснаесетник при корнерот.