На денешната ждребка во Нион, Швајцарија, излечени се паровите за четврт-финалната фаза и кои тимови ќе вкрстат во полуфиналето во најелитното клупско фудбалско наптреварување, Лигата на шампионите. Финалето на ЛШ ќе се одржи на 1 јуни во Мадрид на стадионот „Ванда Метрополитано“ на мадридски Атлетико.

Ајакс – Јувентус

Ливерпул – Порто

Тотенхем – Манчестер сити

Барселона – Манчестер јунајтед

Во полуфиналето, победникот од двомечот Тотенхем – Манчестер сити ќе биде домаќини на победникот од дуелот на Ајакс и Јувентус, а победникот од натпреварот Барселона и Манчестер јунајтед ќе ги биде домаќин на победникот од натреварот меѓу Ливерпул и Порто.