Над 100.000 луѓе во Англија потпишаа петиција за поддршка на фудбалските клубови што сакаат да им се дозволи на нивните стадиони повторно да има делови каде што навивачите ќе стојат, нешто што сега е забрането. Станува збор за седишта што можат да се склопуваат за да можат навивачите да стојат. За таа иницијатива ќе треба да се изјасни британската влада, која не отстапува од ставот дека нема шанси за промена на политиката на трибините сите места да бидат за седење.