Игор Ангеловски / Фото: Игор Бансколиев

Македонија игра со Косово, на 8 октомври, во Скопје, а победникот од тој натпревар потоа треба да му гостува на 12 ноември на подобриот од мечот Белорусија – Грузија, во решавачкиот меч за пласман на ЕП в година

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски, за утре го најави објавувањето на списокот со фудбалери за претстојниот натпревар против Косово, на 8 октомври во Скопје. Победникот од тој натпревар ќе му гостува на подобриот од мечот Белорусија – Грузија на 12 ноември, во решавачкиот меч за пласман на Европското првенство (ЕП) в година.
– Ќе нема поголеми измени во составот, односно повторно во прв план се фудбалерите што настапија на првите два меча во новиот циклус натпревари во Лигата на нациите, во почетокот на септември, со Ерменија и со Грузија. Ќе го нема голманот Мартин Богатинов, кој е позитивен на ковид-19 – вели селекторот Ангеловски.

Собирот на репрезентативците е закажан за понеделник, а мини-подготовките ќе се одвиваат во Скопје, на терените на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
– Тренинзите би требало да се одвиваат како и на досегашните слични собири, нема потреба ништо да менуваме. Посакувам сите да дојдат здрави, без какви било повреди по натпреварите што ги очекуваат следниот викенд. Јас и моите соработници, исто така, се подготвуваме, изгледавме доста снимки од натпреварите на Косово, анализираме што и како играат и нашите импресии и забелешки ќе им ги пренесеме на фудбалерите на тренинзите и на состаноците – вели Ангеловски.
Македонија одлично почна во новиот циклус во Лигата на нациите, Лига Ц, група 2. Во првиот меч во Скопје, Македонија ја совлада Ерменија со 2-1, а во вториот, на гости против Грузија во Тбилиси, ремизира 1-1. 


ЛИГА НА НАЦИИ, ПЛЕЈОФ, ПОЛУФИНАЛЕ

ДВОЈКА ЛИГА
Бугарија – Унгарија А
Исланд – Романија А
БиХ – С. Ирска Б
Словачка – Р. Ирска Б
Норвешка – Србија Ц
Шкотска – Израел Ц
Македонија – Косово Д
Белорусија – Грузија Д

сите мечеви се на 8 октомври